Утрински Весник
Македонија

Заев: Водевме протестно движење што ја донесе слободата во Македонија

40318af6 E229 49f2 B0f0 92bda156dc11.jpg

„Јас бев еден од водечките активисти и водечка личност на протестот и Шарената револуција, во Северна Македонија, потоа дојде овој премиер, што е различно ова што се случува кај нас. Тоа беше време кога се боревме за слобода и демократија и после тоа време требаше да ја спроведеме таа слобода и демократија, ќе се обидам да споделам некои искуства поврзани со тоа. Ова се најважните и водечките личности на нашата Шарена револуција, секако и многу од нив беа со нас во сите овие тешки времиња. Северна Македонија брои два милиони граѓани, во срцето на Балканот, поранешна југословенска република, југоисточна Европа, мултиетничка земја, земја со повеќе религии, мултикултурна земја и не е лесно да се управува со сите овие разлики во земјата, мислам на луѓето, не само како политичарите“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.

Тој потсети дека 2008 дојде режим кај нас од десно ориентирана партија предводена од Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и појасни дека станува збор за најголемата десно ориентирана партија во Северна Македонија.

„И тој момент беше причина за подготовка на Шарената револуција, големите граѓанските движења протестираа низ целата земја, а тоа беше време кога многу луѓе беа под опасност, новинар беше во затвор, бизнисмен изгуби сопствена компанија, активисти и универзитетски професори беа казнети и ставени во затвор, имаше целосна контрола врз медиумите. Имаше целосна контрола на јавната администрација која патем беше целосно партизирана администрација, имаше целосна контрола на нашата економија“, потенцираше Заев.

Тој додаде дека тогаш немаше слобода, сите се плашеа, и секако сето тоа беше причина да се кренат луѓе и да почнат протест кај нас.

„Јас тогаш бев градоначалник на мојот роден град, тоа е мал град со 40 илјади жители, општина Струмица е 45 илјади жители југоисточно од државата, блиску до грчката и бугарската граница и секако се обидов да учествувам и да ја споделам мојата храброст заедно со сите“, заклучи Заев.

Можете да прочитате

Петровска за „Независен“: СДСМ треба да се врати на идеолошките корени

Ципрас: Ако Заев не го променеше името ќе мораше да влезете под Република Македонија

(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско