Утрински Весник
Македонија

Павле Трајанов одново избран за претседател на Демократски сојуз

Pavle Trajanov.jpg

Со присуство на над 400 делегати и гости, денеска се одржа 7-от Конгрес на Дeмократскиот Сојуз, на кој во своето обраќање, Павле Трајанов, нагласи: „На претстојните претседателски и парламентарни избори се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава и дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности“

„Демократскиот сојуз е витална политичка партија која не прави компромис кога се во прашање нашите национални, државни и стратешки интереси и не сме подготвени да соработуваме со профитери и разграбувачи на државата. Демократскиот сојуз и јас како претседател ја отворивме политичката борба против недопирливите од ДУИ, партија која ги поткопа темелите на македонската држава, со криминал, деструкција и антимакедонска надворешна политика, и сигурен сум дека оваа партија треба да се делегитимира и испрати во опозиција. На тие што на Плоштадот Македонија, извикуваа УЧК, местото им е во ХАГ, а не во власта.

По дуизацијата и криминализацијата на државата, сега водството на ДУИ најавува дестабилизација доколку не биде вклучена во власта, но од ваквите најави никој не се плаши затоа што граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка и верска припадност цврсто се решени да живеат заедно и да ја градат заедничката држава, Македонија“, рече Трајанов.

Можете да прочитате

Петровска до Ковачки: Ти кажаа ли од партија кој ќе биде министер за одбрана?

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот амбасадор Силвестри

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебе од Вевчани