Утрински Весник
Спорт

Забрани и ограничувања на ждрепката за ЕВРО 2024

Забрани и ограничувања на ждрепката за ЕВРО 2024

Ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024 во Германија ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт.

dobivaj vesti na viber

Македонија противниците ќе ги чека од четвртиот „шешир“, во кој ќе бидат: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови и Македонија.

Ждрепката ќе се одвива со одредени ограничувања, пред сè поради политичката ситуација на стариот континент.

Така Србија и Босна и Херцеговина не може да бидат во иста група со Косово, исто како и Ерменија и Азербејџан.

Поради политички разлики, Шпанија и Гибралтар нема да можат да бидат во иста група.

Исто така, има ограничувања поради ниските температури во зима. Така, само две од следните репрезентации можат да бидат во една група: Белорусија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Исланд, Летонија, Литванија и Норвешка.

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум