Утрински Весник
Балкан

За седум месеци Албанија ја посетиле 481.000 македонски граѓани

Albani A.webp.webp

Се поголем број македонски граѓани ја посетуваат Албанија, што се гледа од статистичкиот преглед објавен од премиерот Еди Рама.

Според прегледот, во периодот јануари-јули во Албанија престојувале 481 илјада македонски граѓани, што е за 28,3 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

Тие во оваа земја патуваат главно заради одмор на крајбрежјето во летниот период, потоа за бизнис, користење на услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, посета на роднини, но и поради фактот што се зголемува и бројот на оние кои поседуваат свои станови главно во Тирана и Драч.

Од соседството пред македонските се косовските граѓани, чиј број е 2,4 милиони или 22,3 отсто повеќе споредено со истиот период пред една година.

-Туристичка Албанија брои 6,3 милиони посетители во 7-те месеци од годинава или за 1,2 милиони повеќе од истиот период пред една година, кога бројот на посетители беше 5,3 милиони. Тоа благодарение на идеалните природни услови кои се нудат, културните и историски знаменитости, дополнети со добрата патна инфраструктура, хотелски капацитети, уредени плажи и секако квалитетната услуга, напиша Рама на Фејсбук.

Во овој период, меѓу другите,  Албанија ја посетиле и 638 илјади италијански, 208 илјади турски, 181 илјада британски, како и 13 илјади кинески граѓани. 

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија