Утрински Весник
Свет

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија

20260303161233 big 730x400 93.webp.webp

Рускиот политички филозоф Александар Дугин по американско-израелскиот напад врз Иран, на платформата Икс објави: „Почна трета светска војна. Пак“.

-Ако во Русија не започнат вистински патриотски реформи сега, ситуацијата ќе стане целосно непредвидлива. Нашите сојузници систематски се уништуваат еден по еден. Јасно е кој е следен и јасно е што значат преговорите со таков непријател, наведе Дугин.


Тој предупреди дека треба да престане „илузорниот впечаток на нормалност во Русија“ и дека „продолжува мирниот живот како и обично“

-Во глобална смисла, сè зависи од тоа колку долго може да трае Иранската исламска револуционерна гарда. Ако Иран издржи, сè може да оди во спротивна насока. Ако се распадне, ние сме следни, посочи Дугин.

Рускиот политички филозоф е познат противник на западниот либерализам. Дугин важи за еден од идеолозите на Кремљ, кој со години се залага за ширење на руското влијание и отворено ја поддржува агресивната политика кон Украина.

Можете да прочитате

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија