Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово – 6, максималната дневна температура до 16 степени

Oblacno.webp.webp

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 степени, во Крива Паланка – 4, во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, Попова Шапка -3, во Тетово, Куманово, Велес, Штип -2, во -1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица, Kрушево, 0 во Виница и 3 степени во Гевгелија. 

Најмногу снег има на Попова Шапка 86 сантиметри. 


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Можете да прочитате

Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар