Утрински Весник
Балкан

САД со итно предупредување: Избегнувајте патување на Кипар поради воената ескалација

Amerikansko zname.png

Американскиот Стејт департмент издаде официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат на Кипар, наведувајќи го зголемениот ризик од ширење на воените дејствија од Блискиот Исток. Одлуката доаѓа по последната ескалација на конфликтот меѓу Израел, САД и Иран, кој почнува да има последици и врз медитеранскиот регион.

Во соопштението се наведува дека Кипар, иако не е директно вклучен во конфликтот, станува стратешки изложен поради присуството на британски воени бази на островот, како и поради зголемената активност на беспилотни летала во регионот.


„Поради непредвидливата безбедносна ситуација и потенцијалот за понатамошни напади, ги советуваме американските граѓани да ги преиспитаат своите планови за патување и да ја избегнуваат оваа дестинација додека не се стабилизираат условите“, се наведува во предупредувањето на Стејт департментот.

Предупредувањето доаѓа по неодамнешниот напад со ирански дрон врз британската база РАФ Акротири на Кипар, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај и туристичката индустрија на островот.

Вашингтон им препорачува на американските државјани кои веќе се наоѓаат на Кипар да бидат во состојба на зголемена претпазливост и редовно да ги следат информациите и безбедносните насоки од локалните власти и американската амбасада.

Можете да прочитате

Денеска во Хаг ќе се изрече пресудата против Хашим Тачи

Со Трамп, САД нема веќе да „градат“ држави на Балканот

Судири помеѓу демонстрантите и полицијата на протестот на одгледувачи на овци во Букурешт