Утрински Весник
Балкан

Турција: Одбраната на НАТО пресретна балистичка ракета од Иран

Turcija.webp.webp

Турција тврди дека системот за ракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран пред таа да влезе во турскиот воздушен простор.

Детали за ракетата и локацијата на пресретнувањето сè уште не се објавени. Нема информации за евентуална штета или повредени. Оваа информација ја дава Ал Џезира.


Турција е дел од интегрираниот систем за ракетна одбрана на НАТО, кој е дизајниран да ги заштити териториите на земјите-членки од балистички ракети.

Засега нема официјален коментар од Иран.

Можете да прочитате

Масакр во белградски бар: Еден убиен, еден ранет, напаѓачот во бегство

Шест педофили во Србија уапсени, со лажни профили мамеле 11-12 годишни девојчиња

Паника на Халкидики: Мала ајкула снимена во плиткото кај Ханиоти