Утрински Весник
Македонија

Зајкова за „Реално“: Огромно мнозинство од граѓаните се прогресивни и знаат да препознаат прогресивни и развојни политики

6da79d0f 7fb2 4237 8e38 D06b4d4d89fd.jpg
Ss2

Во интервју за рубриката „Реално“ на 24инфо.мк претседателката на ЛДП Моника Зајкова зборуваше за претстојните парламентарни избори, за понудата пред граѓаните, за европскиот пат, но ги коментираше и последните случувања со „црната листа“ и состојбите во правосудството.

Во период на предизборие сме, не очекува ли валкана кампања од она што досега можеме да го видиме, иако официјално и не е започната кампањата?

300x250 (7)

Зајкова: Тоа не е ништо ново за Македонија и за изборната кампања во Македонија. Најлесно е некого да дисквалификувате со црна кампања или негативна кампања, но јас преферирам и како кандидатка за пратеничка ќе преферирам, кампањата да не биде на лични навреди и на црнила, туку да се базира на оние мерки и решенија што треба да им ги понудиме на луѓето, бидејќи од негативности создаваме само апатија и тапкање во место.

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти носителите за парламентарните избори, СДСМ се очекува да ги соопшти, се знае само дека Димитар Ковачевски сигурно ќе биде носител во прва изборна единица. Вие сте во коалиција со СДСМ. Дали Моника Зајкова е второ место во првата изборна единица и колку места добивте на листите?

Зајкова: ЛДП вчера одржаседница на органите на извршниот и централниот одбор на којашто меѓудругото се донесе одлука за поддршка на оваа европска коалиција но и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Утврдивме кандидати за пратеници, меѓу кандидатите е и моето име и од она што се говори и пишува во јавноста и што е начелно договорено, Моника Зајкова треба да се најде како коносител во изборната единица еден. За другите кандидати се уште течат преговорите но вчера ЦО и ИО утврдија три имиња, како кандидат се јавува и генералниот секретар на партијата Боби Мојсовски и доктор Илија Нешковски. Искрено се надевам и посакувам ЛДП да има повеќе пратеници во Парламентот, бидејќи се покажа дека имаме многу поразлични иницијативи од она што стандардно го гледаме во Парламентот а и историски наназад ако гледате, пратениците на ЛДП секогаш биле поавангардни и попрогресивни во иницијативите што ги доставувале во Собранието.

Не мислите ли дека сте многу скромни во преговорите со тројца пратеници претпоставувам  вашата намера е да ја вратите партијата онака како што беше некога, а некогаш имаше прилично доста пратеници од ЛДП

Зајкова: Нашата цел е постепено да растаме за да се вратиме онаму каде сме биле. Треба да си признаеме дека имало период поради оние коалиции и слично партијата малку подзастана со бројките на пратеници. Затоа кажувам, ние досега бевме двајца и ако успееме постепено да го подигнеме бројот на пратеници би било одлично, но ЛДП има и 27 советници во локалните самоуправи и нашиот фокус ќе бидат и локалните самоуправи, да успееме да освоиме градоначалници, да го удвоиме бројот на советници, така што ќе можеме реално да им помогнеме на граѓаните со она што е нашата визија за државата. 

Засега преговорите се за три пратеници?

Зајкова: Нормално, кога настапувате во коалиција, секогаш некој треба да отстапи од нешто и секој отстапува од бројките за да постигне компромис. Сега, на овие избори не е најважно дали ние ќе имаме 12 или 15 кандидати за пратеници но да ги имаме вистинските луѓе на вистинските места. Овие избори се исклучиво во кој правец ќе движи Македонија, јас сакам Македонија да движи напред, да биде прогресивна и рамо до рамо, достоинствено да стоиме со граѓаните во европските држави. Уморна сум од тоа кога ќе тргнам за Европа да чекам на различно место за пасошка контрола, да имам различни можности од оние што ги имаат европските граѓани. Сметам дека треба да се бориме да бидеме рамо до рамо со Европа и да имаме достоинствени прилики, реципрочно со европските граѓани. 

Имате голем број на амбасадори од вашата партија и тоа ли е дел од преговорите?

Зајкова: ЛДП имаше два тима на преговори. Првиот тимна преговарачи кои го водеше оној дел на преговори што се однесува на кандидатите за пратеници и програмски дел, односно тимот што ги води програмските преговори. Ова не е партија за терање пазар за директорски места, исклучително е важно дали се уште делиме иста визија и цели со нашите коалициски партнери во програмскиот дел и сум среќна што е тоа така. Тимот за преговори на програмата веќе ќе финишира, се надевам дека до крајот на неделата веќе ќе се усогласат околу тоа што ќе влезе во заедничката коалициска програма. Ние имаме коалициска програма, а ЛДП неодамна имаше и своја конвенција и своја платформа „Секој е важен“ каде ја промовираше својата сопствена програма, односно оние либерални заложби и патокази и ги посети речиси сите градови во Македонија за да го слушне мислењето на граѓаните и согласно нивните мислења и препораки, програмата е дополнета.

Од денеска гледано, колку сме далеку или блиску до полноправно членство во ЕУ?

Зајкова: Тоа зависи од сите нас, бидејќи сите ние одлучуваме за својата земја, секој на свој начин, граѓаните не бираат нас, ние одлучуваме во нивно име во Собрание и го водиме политиките. Затоа мислам дека сите заедно одлучуваме колку брзо ќе се движиме по патот. Гледаме дека геополитиката сама налага, тие преговори да течат што побрзо и на последната Меѓувладина конференција се докажа дека ние всушност сами си ја поставивме бариерата во преговорите. За прв пати имаме јасена препорака дека ако ја исполниме таа обврска веднаш почнува отворањето на поглавјата бидејќи успешно го завршивме скринингот. Затоа кажувам дека од сите нас зависи дали ќе одиме брзо или ќе чекаме во чекалната.

Искрено, изгледно е да влеземе во ЕУ до 2023 година?

Зајкова: Ако знаете дека ЛДП има силна меѓународна поддршка и дека Либералите се трета сила во Европскиот парламент и од сите комуникации и посети таму, тоа е реално остварливо.

Нели ви е криво кога гледате дека една Украина, една Молдавија, па земете ја и БиХ сега, кои прават исчекор кон ЕУ а ние тапкаме во место, а плативме многу голема цена?

Зајкова: Мене ми е криво што наместо да ги валоризираме сите одлуки што ги донесовме, ние решивме повторно да тапкаме во место. Не би сакала да се споредувам со земја кадешто има војна и каде војната започнала токму поради нејзината одредница да оди по овој прогресивен пат но ќе му биде криво ако сите околу нас започнат преговори ако напредуваат побрзо а Македонија уште во 2005 имаѓе огромна шанса, да влезе заедно со Хрватска. Не може постојано да обвинуваме некој друг. Промената на името го донесе членството во НАТО што се покажа како стратешки исправна одлука. Сметам дека секоја земја некогаш голтнала голема кнедла, ние секогаш тргнуваме од нас, не е едноставна одлуката и мене ме ревилтирало сето она што се случувало, но ако целта е повисока, да седиме рамноправно и да ги користиме сите придобивки, јас мислам дека државата понатака во ЕУ има што да докаже и покаже дека вреди дека има квалитети дека и била нанесена неправда но и дека таа неправда може да ја исправи кога ќе седи рамо до рамо со сите земји членки. 

Ви се чини ли дека таа борба против корупцијата како малку да недостасува?

Зајкова: Јас мислам дека на сите им се полни устите со корупција, ном јас не гледам дека нешто суштински се менува. ВМРО-ДПМНЕ владееше 11 години, а ние отпосле слушнавме какви криминални дејствија се случувале, иако таа не беше толку транспарента влада и тоа не можеше тогаш да се види. Предноста на оваа влада е што веќе иамме случаи кои доаѓаат и од нејзините редови и покажува дека без разлика кој си не можеш да не бидеш санкциониран ако се огрешиш пред законот. Имаме полни раце работа и мислам дека партиите пред се треба да го остават правосудството да дише слободно, а не да се врши притисок врз судии и обвинители како треба да постапуваат и треба да се остави слободно бидејќи по Устав судската власт е независна во однос на извршната и законодавната и за да не бидам погрешно сфатена, сега зборувам за сите партии. Нас ни требаат крупни, не паушални реформи, не постојано да зборуваме за корупија а да не преземаме ништо. Крупни реформи во правосудството не се прават само со ветниг што сите сакаат да го говорат, но може да се прави од делот на изборот, од делот на луѓето ои работат во судската администрација, судскиот совет се покажа како тело кое изминатите 30 години откако е донесен Уставот, самото по Устав е политизирано тело бидејќи самите членови што вие ги бирате се бираат со некакви индиректни политички влијанија.

Но седум години во Собранието можеше нешто да се промени…

Зајкова: Како ЛДП поднесовме доста предлог закони и законски иницијативи, меѓу нив и такви кои се однесуваат на судскиот совет. ЛДП поднесе и закон кој се однесува на кривичната застареност, односном подигање на потребните години за да застари еден случај. Но сепак, ЛДП во Парламентот имаше двајца пратеници и на крајот сепак зависи од волјата на поголемите и позастапените партии. И сега ако некој праша зошто не не поддржале нашите коалициски партнери, никој не ја спречуваше ниту опозицијата да не поддржи, затоа што и ние кога доаѓале закони од предлагачи од опозицијата а кои ние сметаме дека се добри, ние даваме поддршка. Се додека не го надминеме оној момент да гледаме кој од која партија го поднел законот, не можат да се донесат соодветни закони. 

Како ја коментирате новата црна листа на САД?

Катица Јанева е човек кој веќе отслужува законска казна. Јакимовски чинам дека отслужуваше, очекував дека можеби ќе има нешто ново, некои нови поголеми изненадувања. Сепак, таа црна листа значи еден вид опомена или надеж дека работите треба да се решаваат, но јас би била посреќна кога органите внатре ќе работат на тоа да имаме индивидуална казнивост и одговорност а нема да чекаме постојано некој друг да ни алармира па ние да коментираме, но еве, како што ја очекуваме црната листа така да ги очекуваме истрагите и судските пресуди од кај нас.

Ве плашат анкетите?

Не ме плашат, сметам дека се уште населението во Македонија, огромно мнозинство од населението е прогресивно и знае да препознае прогресивна и развојна политика.

Зошто да гласаме за вас?

Патриот е човек кој сака државата да оди напред, да има развојна економија да има силно правосудство, да има млади кои тука го гледаат потенцијалот, а сето тоа можеме да го оствариме кога ќе движиме прогресивно напред и нема само црна кампања да има, а би сакала од ВМРО-ДПМНЕ да слушнам што тие нудат во делот на подобрување на состојбите во правосудството, што нудат во однос на евроинтегративниот пат и на овие избори треба да гласаме Македонија да оди нашред и да парира на сите високоразвиени европски држави.

Ss1

Можете да прочитате

Седум години од „крвавиот четврток“ – кога ВМРО-ДПМНЕ лееше крв за да не ја даде власта

Промовирана новата генерација полициски службеници

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори