Утрински Весник
Спорт

Познати финалиститие во сегментите од ЛН кои ќе разигруваат за трите последни места на ЕП-2024

Img 3668.jpeg
Ss2

Во финалните мечеви од сегментите на фудбалската Лига на нации, кои носат пласман на ЕП-2024, ќе играат: Велс – Полска, Украина – Исланд и Грузија – Грција. Натпреварите по кои ќе бидат познати последните три учесници на континенталниот собир што ќе се одржи во Германија ќе се одиграат на 26 март. Во А полифиналните мечеви од А сегментот на ЛН, Полска ја совлада Естонија со 5:1, а Велс беше подобар од Финска (4:1). Во Б сегментот Украина со пресврт ја елиминира БиХ (2:1), а Исланд лесно излезе на крај со Израел (4:1). Во Ц сегментот Грција се загреваше за финалната обврска со Казахстан (5:0), а Грузија преку Луксембург стаса до ново финале (2:0).

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов