Утрински Весник
Свет

Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“

Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска присуствуваше на отворањето на делницата од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан.

dobivaj vesti na viber

„Овој автопат е најширок, поширок е за 1,60 метри од другите и ќе биде широк 30 метри, дигитализиран е, насекаде има столбови за 4G и ќе има за 5G мрежата кога ќе биде достапна“, рече Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Тој додаде дека нема дополнителна работа околу патот бидејќи изведувачите „Бехтел и Енка“ направиле се’ како што треба, пренесе „Новости. рс“.

Според него, Крушевац како осми по големина град во Србија од ова ќе добие многу, но и Варварин, Трстеник, како и сите што одат во Копаоник, Врњачка Бања, Краљево.

Можете да прочитате

Тројца мажи во Јордан осудени на смрт за минатомесечниот напад врз православна црква

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници