Утрински Весник
Балкан

Вучиќ пристигна во Кина – 24info.mk

Vucic kina.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Пекинг, а на аеродромот го пречека министерката за наука и технологија на Народна Република Кина, Јин Хеџун.

За денес е планирана посета на Кинескиот ѕид и првите средби. Ќе видиме како ќе завршиме утре, и се надевам дека тоа ќе биде од најголемо значење за нашата земја и дека ќе успееме да ги постигнеме најважните национални и државни интереси преку разговори со претседателот Си, изјави Вучиќ на почетокот од посетата на Пекинг.


По пристигнувањето во Пекинг, тој објави дека пристигнал таму со чувство на голема одговорност и длабоко почитување кон моментот во кој ја претставува Србија и оцени дека ова е најважната посета во неговата политичка кариера.

„Пречекот што ѝ беше приреден на нашата делегација, со срдечност, топлина и искрено почитување, уште еднаш покажа колку се силни, пријателски и изградени врз меѓусебна доверба односите меѓу Србија и Кина“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм .

Тој додаде дека „во моменти како овие, уште посилно ја чувствувате тежината на обврската што ја носите кон вашата земја и народ“.

„Сите години борба, работа и тешки одлуки добиваат дополнително значење кога ќе видите колку почитувана и ценета е Србија денес меѓу најголемите земји во светот“, нагласи Вучиќ.

Тој се осврна и на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Ќе имам можност да разговарам со претседателот Си Џинпинг, искрен и голем пријател на Србија, лидер кој со својот став кон нашата земја покажа почит што ќе можеме да ја цениме и да ја паметиме. Токму благодарение на таквото пријателство и меѓусебна доверба, Србија и Кина денес градат односи кои се меѓу најсилните во современиот свет. Нè очекуваат важни дискусии за иднината, нови инвестиции, инфраструктурни проекти и понатамошно зајакнување на соработката во области од клучно значење за напредокот на нашата земја и подобар живот за нејзините граѓани“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Над 20 приведени по синоќешниот протест во Белград

Масовна посетеност на протестот во Белград

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата