Утрински Весник
Македонија

Груби уште не е повикан на распит во Обвинителството

Grubiaps.jpeg

Поранешниот вицепремиер Артан Груби се уште не бил повикан на распит во надлежното обвинителство како осомничен за случајот ,,Лотарија”.

Ова го открива републичкиот јавен обвинител Ненад Савески во интервју за неделникот ,,Фокус”.


ФОКУС: Големи реакции во јавноста предизвика и случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Дали беше повикан на распит и дали, освен за случајот „Лотарија“, зборуваше за други случаи, бидејќи во јавноста се шпекулира дека тој има докази што би отвориле нови истраги?

САВЕСКИ: Истрагата е во тек и во предметот се преземаат дејствија. Шпекулациите на јавноста стигнуваат и до мене, но до овој момент не се основани, бидејќи поранешниот вицепремиер сè уште не дал исказ во обвинителството. Кога ќе даде исказ, тоа ќе биде, пред сè, во однос на дејствијата што му се ставаат на товар.

Инаку, секој што располага со какви било докази за какви било кривични дела има обврска да ги достави до надлежните органи. Тоа важи и за г-динот Груби, а доколку такви докази бидат доставени, надлежното јавно обвинителство ќе постапи, вели Савески.

Груби беше уапсен пред три месеци на граничниот премин Блаце. Тој беше во бегство повеќе од една година, а потоа беше ставен во домашен притвор.

Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

Можете да прочитате

СДСМ: Седум дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Синот на Пендаровски добитник на признание за најдобар студент на ФЕИТ

Силно невреме ќе ја зафати Македонија денеска