Утрински Весник
Свет

Вучиќ по средбата со Курти: Не е ден „Д“, не потпишавме ништо, имам трошка задоволство

Вучиќ по средбата со Курти: Не е ден „Д“, не потпишавме ништо, имам трошка задоволство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по 12 часовната средба со косовскиот премиер Албин Курти, е задоволен од дијалогот. Тој кажа дека не потпишале договор, но процесот не завршува денеска. Вучиќ сепак е задоволен од дијалогот и рече: „Имам трошка на задоволство, а имавме пристоен разговор и покрај бројните несогласувања“.

dobivaj vesti na viber

„Денеска требаше да го договориме имплемантациониот план. Договор постигнавме, ова нема да биде се. Овие неколку точки кои ги договоривме, тие ќе бидат дел од преговарачкиот рамка за двете страни, како за Белград така и за Приштина. Тоа што исто така е важно во рамка на тоа што се договоривме, е дека ЕУ во процесот кој е долг и обемен. Процесот не завршува денеска, туку денеска почнува. ЕУ ќе процени кој колку направил од имплементациониот план, кој мора да биде проширен, иако мене нема да ми смета да остане ваков. За нас од големо значење е тоа што приоритетна обврска е ставено формирање на заедницата на српски општини и тоа во склад на претходно постигнатите договори во рамка на дијалогот. Морам да кажам дека сум за тоа задоволен“, кажа Вучиќ.

Се осврна и на тоа што ќе каже Курти, па Вучиќ по средбата додаде: „Албанската страна знам дека и вечерва ќе инсистира и зборува за тоа дека не сум потпишал ништо. Јас сум ставил до знаење, што се нашите црвени линии. Мислам дека ако ништо друго, направивме помрднување на работите во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто работиме. Не е ден ‘Д’, но беше добар ден“.

Можете да прочитате

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман

Сунак се соочува со бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат

Момче загина паѓајќи на 40 метри од карпа кај езеро во Италија, неговите пријатели беспомошно гледале