Утрински Весник
Свет

Борел обзнани што Косово и Србија прифатиле, што одбиле: Некогаш ѓаволот е во тајмингот

Борел обзнани што Косово и Србија прифатиле, што одбиле: Некогаш ѓаволот е во тајмингот
Ss2

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозев Борел, кажа дека има договор помеѓу Белград и Косово. Даде опомена дека исполнувањето на прифатените обврски ќе влијае на пристапувањето кон Европската Унија. Ја потенцираше важноста од тоа Србија и Косово да мора да ги нормализираат односите, додавајќи дека нема друг начин за да го продолжат европскиот пат.

dobivaj vesti na viber

„Знаете дека целта денеска беше како да се имплементира договорот прифатен на последниот состанок на високо ниво помеѓу Косово и Србија, одржан на 27 февруари во Брисел. Тоа значи практични чекори за тоа што треба да се направи, кога да се направи, од кого и како. Често се вели: ‘ѓаволот е во деталите’, но некогаш ѓаволот е во календарот, во распоредот, тајмингот. Ние дискутиравме за тоа 12 часа. И мило ми е што ќе објавам по 12 часа, конечно, ние имаме договор, согласност, за тоа како да се имплементира договорот. Можам да објавам дека Косово и Србија се согласија за имплементација на анексот на договорот за нормализација на односите“, кажа Борел.

Ss1

Тој додаде: „Како дел од овој анекс на договор, двете страни целосно се обврзаа да се придржуваат на сите членови на договорот и да ги имплементираат сите обврски. И овие резултати доаѓаат по интензивни и тешки преговори. Не сакам да го кријам тоа. Се составуваме во различни формати и констелации, со цел да ги намалиме разликите на двете страни“.

Борел посочи и како ќе се имплементираат некои од поважните отворени прашања за Србија и Косово.

„Косово се согласи веднаш да се оформи соодветно ниво на самоуправување за Заедницата на српски општини“, кажа Борел, па додаде: „Двете страни се договорија да ја потенцираат декларацијата за исчезнати лица, која беше преговарана на дијалогот потпомогнат од ЕУ, која е со високо ниво на важност. Морам да потенцирам дека ние иницијално предложивме поамбициозен анекс на договорот, но за жал двете страни не се договорија за тој детален предлог“.

Се осврна и на тоа што Косово прифатило, а Србија не, како и обратно.

„Ова беше еднострано поддржано, кај косовската страна недостигаше флексибилност. Од друга страна, Србија истакна дека принципиелно нема да потпишува ништо, се додека не се целосно подготвени да го имплементираат. Со цел да ги избегнеме овие последици, ние направивме предлози поврзани со потпишувањето и суштината. Но, двете страни не можеа да изнајдат заедничка согласност за нашите предлози. Верувајте ми, покрај тоа што поамбициозенен текст беше предложен на почетокот, тоа што двете страни го прифатија, значи дека согласноста и имплементацијата ќе стане составен дел кон европскиот пат. Со цел да бидам поконкретен, ќе вклучам амандмани во преговарачкото поглавје, во преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како и во агендата за стабилизација на Косово со ЕУ“, додаде тој.

Тој рече дека треба сите да се фокусираат на тоа што е договорено на средбата.

„На овој начин двете страни ќе бидат обврзани за овој договор, кој ќе биде составен дел од европскиот пат. Ние како ЕУ, ќе ги принудуваме двете страни да ги исполнуваат обврските од овој договор, бидејќи сега ќе биде составен дел од европскиот пат. Ако не се исполни – ќе следат последици. Дијалогот не е само за Косово и Србија. Вниманието од сите медиуми од регионот и пошироко, го докажуваат тоа, дека ова е за стабилноста, сигурноста и просперитетот на целиот регион. Овој дијалог мора да се види низ поширок политички контекст, со алатка за овозможување мир и стабилност на Западен Балкан. Во понеделник, европските лидери ќе се состанат во Брисел, ќе ги информирам за овие разговори и за учеството и ангажманот на двете страни целосно да ги имплементираат нивните обврски“, кажа Борел.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња