Утрински Весник
Спорт

Атлетико рутински ја реши Валенсија

Атлетико рутински ја реши Валенсија

Атлетико Мадрид запиша рутинска победа над Валенсија во 26. коло, во Примера. „Јорганџиите“ на домашен терен славеа со 3:0 (1:0). Атлетико се зацврсти на третото место, додека Валенсија е блиску до опсната зона и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

dobivaj vesti na viber

Играчите на Атлетико подобо влегоа во натпреварот, доминираа од самиот старт, пропуштија две добри шанси преку Љоренте и Депај. При ударот на Депај се истакна голманот Мамардашвили со прекрасна интервенција.

Сепак Грузиецот беше немоќен во 23.минута кога Антоан Гризман го постигна првиот гол.

Вториот е дело на Јаник Караско, него трет во сезоната, во 49.минута. Точка на мечот стави Тома Лемар во 67.минута. За францускиот фудбалер ова беше прв гол за Атлетико по пауза од една година.

До крајот на мечот Валенсија имаше едена сериозна шанса. Самуел Лино, играч на Алетико на позајмица во Валенсија во 78.минута ја погоди стативата.

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања