Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Лага е дека сум бил дел од „снајпер сафари“ во Сараево

Vucik.jpeg

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата што го поврзуваат со таканареченото снајперски сафари за време на опсадата на Сараево во 1990-те, нарекувајќи ги тврдењата „лаги“ насочени кон негово прикажување како „чудовиште“ и „ладнокрвен убиец“.

„Никогаш не сум убил никого, никогаш не сум ранил никого, ниту сум направил нешто такво“, изјави Вучиќ за новинарите на маргините од регионалната бизнис конференција Велика Британија-Западен Балкан во Белград.

Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ во вторник изјави дека поднел формална жалба до обвинителите во Милано, тврдејќи дека Вучиќ или учествувал или помогнал во олеснувањето на „снајперскиот туризам“, во кој странците наводно им плаќале на силите на босанските Срби за да можат да пукаат во цивили од позиции што гледаат над опсадениот град.

Можете да прочитате

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата

Грција ги „помилува“ возачите: Новите правила за прва помош одложени за 2027 година

Ранети неколку лица во Атина