Утрински Весник
Македонија

Возач прегазил жена на пешачки кај „Јосип Броз Тито“ и побегнал од местото на несреќата

Image 240123.jpg

Во центарот на Скопје, денес попладне се случи тешка сообраќајна несреќа во која жена-пешак беше прегазена на пешачки премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, по што возачот побегнал од местото на инцидентот.

Според информациите објавени од очевидци, жената поминуваше уредно на пешачкиот премин, кога во неа удрил џип кој не застанал. По ударот, возачот се оддалечил со голема брзина, оставајќи ја повредената жена на коловозот.

Екипа на Брза помош пристигнала веднаш и ја пренела жената на лекување во Градската општа болница „8 Септември“, каде што засега нема официјални информации за нејзината здравствена состојба.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека се работи на идентификација на возилото и возачот, при што се прегледуваат безбедносните камери во околината.

фото: ТРН

Можете да прочитате

Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си игра и вперува пушка на 11-годишниот брат!

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани