Утрински Весник
Скопје

Волк чуван како домашен миленик заловен во Козле

Volkkozle.jpg

Волк, кој најверојатно бил чуван како домашен миленик затоа што на себе имал ремче и синџир синоќа бил уловен во скопската населба Козле.

Информацијата на социјалните мрежи ја потврди градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.


„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина. Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот“ напиша Ѓорѓиевски.

Волкот бил чуван како миленик, што претставува прекршување на законите, бидејќи волците се диви животни и не смеат да се држат во домашни услови.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски нека оди на Бихаќка, кривичната пријава му е поднесена во време на СДС 

Градоначалникот Митески потпиша договор за финансиска поддршка на пензионерите

Интензивни активности на новиот спортско-рекреативен центар во Радишани