
Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија од денес среда 13 Мај 2026 влегува во поладен, односно значително посвеж период со температури кои ќе бидат за околу па и за повеќе од 10 степени пониски во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера. Ќе бидеме под влијание на поладен воздушен бран кој од северозапад се спушта во Македонија. Повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен а во западните предели од западен правец а во петок на 15 Мај 2026 ќе засилува ветер од југозападен правец.
Инаку, во Македонија следува период на променливо време со повремен локален дожд а во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на локално краткотрајно невреме. И во делови од Скопската котлина денес среда 13 Мај 2026 и во следните денови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во попладневните часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 10 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 23 степени. Да напоменам дека овие температури кои ни следуваат во следниот период ќе бидат претежно под просекот за месец Мај 2026.

