Утрински Весник
Македонија

Водата за пиење во Берово е безбедна

Voda 1.webp.webp

Водата за пиење во Берово е целосно безбедна за употреба, откако трите последователни анализи во акредитирана лабораторија покажаа дека ги исполнува сите законски стандарди за квалитет.

Од Јавното претпријатие „Услуга“ појаснуваат дека анализите се спроведени согласно Правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење, а резултатите покажале дека ниту еден параметар не надминува дозволени граници.

Инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека водата е исправна за пиење и може да се користи без ограничувања.

Општина Берово истакнува дека во изминатиот период се преземени мерки за континуирано мониторирање и благодарни се на граѓаните за трпеливоста. Мониторингот на квалитетот на водата ќе продолжи и натаму за да се одржи високото ниво на безбедност.

Можете да прочитате

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Нови терапии влегуваат на позитивната листа

Антикоагулансите Клексан и Фраксипарин на Позитивната листа од јули, најави Клековски