Утрински Весник
Балкан

Во Србија ќе биде претставен тим здравствени експерти кои имаат за цел – анализа на последици за здравјето од ископ на литиум

Srbi A.webp.webp

Во Србија денеска ќе биде претставен тим од здравствени експерти за да анализира последици по здравјето на луѓето од ископувањето литиум. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во изјава за РТС ги замоли граѓаните „да не наседнуваат на непроверени приказни“.

Лончар додаде дека денеска ќе биде претставен медицински тим и дека во него ќе бидат вклучени епидемиолози, доктори по медицина на труд и други експерти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во саботата во Лозница изјави дека е заинтересиран за заштита на здравјето на луѓето во врска со ископувањето на литиум во долината Јадар и дека дури потоа ќе може да се разговара понатаму. Потоа најави формирање здравствено-медицински тим што ќе се справува со евентуални здравствени последици

Можете да прочитате

Драматична ситуација во згрција: Се запали рафинерија, наредена итна евакуација

Сергеј Трифуновиќ повторно уапсен во Хрватска – еве и зошто

Докторка од итна помош во Белград, како реалити ѕвезда: се снимала за „Тик-ток“ со пациентите