Утрински Весник
Економија

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

20260511132007 big 730x400 28.webp.webp

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

– Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции – вели Димитриеска-Кочоска во објава на „Фејсбук“.


Министерката нагласува дека ќе се продолжи со внимателно планирање и одговорни политики, кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија.

– Наш фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните преку внимателно креирани мерки, стабилни јавни финансии и политики што ќе обезбедат поддршка за економијата во услови на глобална неизвесност – вели министерката за финансии. 

Можете да прочитате

Филипче: Наместо да се даде поддршка на оние што ја хранат Македонија земјоделството изумира

Левица: Зголемувањето на каматната стапка директно го удира животниот стандард на граѓаните

Одлука на НБРМ: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во третото тримесечје од 2027 година