Утрински Весник
Македонија

Во Скопје петдневна работилница за „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“

20240707171733 Big 730x400 9.webp.webp

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба во 9 часот ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа. 

Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории клучни институции и други засегнати страни.

Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.  

Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и нејзината Антена во Сараево.

Можете да прочитате

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот