Утрински Весник
Македонија

Во петок, а особено за викендот топол бран од Африка во Македонија ќе ги искачи температурите над 30 степени – Но, од сабота кон крајот на денот подгответе се за силно невреме

Download 18 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во петок, а особено за време на викендот територијата на Македонија ќе биде зафатена од умерен топол бран од Африка кој позначително ќе ги покачи температурите на воздухот, па така на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 30 степени, локално и до 32.33 степени. Меѓутоа поради влијание на циклон од западна Европа, од сабота кон крајот на денот влегуваме во нов многу нестабилен период со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и локално невреме.

Поради многу загреаната Атмосфера и исполнета со енергија, локално ќе се создадат услови за посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, бурен ветер, како и со појава на покрупен град, кој би можел да направи и поголеми штети.

И во Скопскиот регион од сабота кон крајот на денот се очекува поголемо дестабилизирање на времето, па така следуваат и чести поројни врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница