Утрински Весник
Свет

Во нов руски напад во регионот Одеса синоќа настрадале четири лица

20240411072449 Big 730x400 97.webp.webp

Четири лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се убиени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Одеса, додека седум лица се повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.

Кипер, преку каналот Телеграм, соопшти дека едно повредено лице е во тешка состојба откако му ги ампутирале нозете.

Екипите за итна помош се излезени на терен, а „лекарите прават се што можат“, додаде тој.

Проектилите, за кои се верува дека се балистички ракети „Искандер-М“, погодиле цели во регионот меѓу 18 и 18,30 часот, а исто така ја оштетиле сообраќајната инфраструктура, вклучително и камионите во близина.

Украинската војска соопшти дека нападот бил насочен кон транспортни објекти, а била погодена и бензинска пумпа, што го зголемува ризикот од експлозии во областа.

Одеса е едно од најфрекфентните украински пристаништа и е честа цел на руските напади за време на 25-месечната војна. 

Можете да прочитате

Туск: Полска се придружува на ракетната коалиција предводена од Украина

На самит во Украина формирана „Карпатска осумка“ за трговија и безбедност

До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници