Утрински Весник
Свет

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Lisici.webp.webp

Во голема операција на француската полиција е разбиена педофилска мрежа. Од понеделникот до денеска уапсени се 55 мажи.

Уапсените на возраст од 25 до 75 години, меѓу кои и еден свештеник, дедо, болничар, „добри татковци“, професор по музика и мажи самци разменувале пораки на Телеграм и биле во Контакт со „исклучително опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави раководителот на операциите во Канцеларијата за малолетници (ОФМИН), Квентин Беван.


Истрагата за разбивање на педофилската мрежа траела 10 месеци, откако минатото лето биле уапсени педофили кои злоупотребувале деца и објавувале на Телеграм.

Инспектор Беван посочи дека за време на операцијата се пресретнати илјадници пораки, фотоградии и друга содржина од сексуална злоупотреба на деца.

– Телеграм и понатаму е привилегирана платформа за педофили … едвај ги исполнува минимумот од своите законски обврски во борбата против педофилите, посочи Беван.

Апсења се спроведени во 42 департмани за поседување, дистрибуција и гледање порнографски содржини со деца под 10 години.

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка