Утрински Весник
Македонија

Во Аеродром се одржа централната прослава од одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај

Screenshot 2024 05 07 134809.png

Во скопската општина Аеродром денеска се одржа централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај, со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици. На настанот присутвуваа министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. И двајцата изнесоа свои видувања за условите за работа на полицијата и предизвиците на професија, упатувајќи честитки до вработените и нивната посветеност на работата. Тошковски рече дека кога дошол на позицијата министер се соочил со недостоинствени услови за работа на полицијата, но и неизмерна желба за професионално и чесно вршење на должноста полицаец. – Краток период, но и повеќе од доволен сум во институцијата за да увидам дека има луѓе кои работат за доброто на татковината. Токму затоа во очи на престојните избори можам да кажам само едно големо благодарам на службениците кои на каков било начин беа вклучени во изборниот процес. Исто така, во овие 100 дена имав можност непосредно и конкретно да се уверам не само во обемот во одговорноста и во важноста на полициската работа туку и генерално во севкупната повеќеслојно значење на оваа институција, истакна Тошковски. Бојмацалиев, пак, во обраќање посочи дека изминатиот период институцијата МВР од затворена и нетранспарентна прераснала во најтранспарентна. – Изминатиот период беше вложено посветеност, знаење, труд, кадровска и техничка надградба. Се ова го направивме како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење, така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на сложениот безбедносен систем. Современото демократско општество е подложно на динамични континуирани промени и прилагодувања во обид да биде во чекор со современите текови, така и полициската професија секојдневно е соочена со безброј предизвици, кои се трансформираат надградуваат соочувајќи не со потреба од нови и креативни решенија, изјави Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во државава.

Можете да прочитате

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Коѕијас: Грчката влада не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку Мицотакис не ни стапна во Скопје

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“