Утрински Весник
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Отворена шахта во близина на ТЦ Скопјанка

Whatsapp image 2025 04 15 at 13.25.08.jpeg

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска повторно апелираше до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итна интервенција поради отворена шахта спроти ТЦ „Скопјанка“, која сериозно ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Проблемот првично беше пријавен од граѓани преку социјалните мрежи до ЦУК уште минатата седмица. Освен шахтата кај „Скопјанка“, алармирано е и за друга отворена шахта веднаш по подземниот премин на бул. „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на зграда број 28.


Од ЦУК информираат дека по добиените пријави веднаш биле известени надлежните од Водовод, од каде добиле одговор дека спорните шахти се во сопственост на станари и деловни субјекти во околните згради.

„Бидејќи местото е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е намалена, потребно е итно санирање за да се избегнат несакани последици,“ предупредува Ангелов.

Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание при движење низ овој дел на Скопје, сè додека проблемот не биде целосно решен.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна