Утрински Весник
Македонија

Внимавајте, измамници лажно се претставуваат како лица од МВР и Европол

677z381 Evropol Zgrada 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека  до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал  при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски криминал  апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“ велат од МВР.

Можете да прочитате

Избувнал пожар во куќа во Тетово

Вратени украдените книги од Државниот архив 

Мицкоски остро до Софија за македонскиот јазик