
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се враќа на своето работно место и повторно ќе ги преземе градоначалничките надлежности, дознава Телма.
Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски.
Неговото враќање става крај на шпекулациите што се појавија во јавноста за можноста Лукровски да се повлече од функцијата, што ќе значеше и распишување предвремени локални избори во Карпош.
Премиерот претходно ги отфрли ваквите наводи, истакнувајќи дека нема основа за такво сценарио и дека станува збор за неосновани шпекулации.
Со враќањето на Лукровски, Општина Карпош продолжува да функционира под раководство на избраниот градоначалник, кој по паузата поради здравствени причини повторно се враќа на редовните работни обврски.


