Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите

D0b2d0bcd180d0be D0b4d0bfd0bcd0bdd0b5 D0bfd0bed0bbd0b8d186d0b8d198d0b0d182d0b0 D184d183d0bdd0bad186d0b8d0bed0bdd0b8d180d0b0 D0bdd0b0 63cd8b699f4bf.jpeg

Во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта, го испраќаме следново соопштение:

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи.

Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди”, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија.

Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби.

Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.

Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница