Утрински Весник
Култура

ВМРО-ДПМНЕ: Загрозено е постоењето на Струшките вечери на поезијата поради намалената поддршка во годишната програма

ВМРО-ДПМНЕ: Загрозено е постоењето на Струшките вечери на поезијата поради намалената поддршка во годишната програма
Img 5587

„Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво“ е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата Годишна програма, се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Катастрофата беше очекувана со незапаметеното скратување на средствата во висина од дури 40% во однос на претходната година, а во услови на историски најголем буџет на државата. Ова е показател дека Министерството за култура, односно актуелната „елита“ во културата, е „накитена“ со елементарно непознавање на културните политики, вклучително и издаваштвото, а тоа, пак, укажува на отсуство на секакви мерила и критериуми за квалитет и перцепција на националниот интерес, токму во областа каде што до израз доаѓа македонскиот пишан збор“, додаваат оттаму.

300x250 (7)

Според нив со сумата со која се поддржани, за голем дел од проектите, значи минорен придонес, со што целиот Конкурс ја губи смислата да биде некаква поддршка која ќе помогне да се направат проекти кои се од исклучително значење и вредност, но не се комерцијални.

„Бајруш Мијаку, член на Советот за култура на министерката, добива дури 207.000 денари. Тука е и поддршката од 104.00 денари за поранешниот пратеник на СДС(М), некогаш многу важна алка во синџирот на власта која не доведе на ова дереџе, Ферид Мухиќ“, велат тие.

Како што велат тие, јавноста постојано слуша за капитални проекти кои ги нема во Програмата.

Поддршката на книжевните манифестации, од националните институции, како што е „Струшките вечери на поезијата“, но и сите останати книжевни манифестации кои се организирани од здруженија на граѓани, издавачки куќи итн. е толку намалена, велат тие, што директно го загрозува нивното одржување, па и самото постоење.

„Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека станува збор за тенденциозно уништување на издавачката продукција на македонски јазик. Манифестациите со повеќедецениска традиција оставаат трајни белези и имаат незаменлива улога во македонската култура. За жал, Министерството пресметува дека гломазните проекти во интердисциплинарна дејност, кои најчесто остануваат невидливи за јавноста, се ефикасно орудие за задоволувањето на дрчноста на партиските војници и поддржувачи. И покрај нивното вдомување во националните установи, не престануваат да добиваат милиони, и сега – си молчат! Видлив е примерот со поддршката од 205.000 денари на електронското списание „Окно“ кое е рангирано во прва категорија. За споредба, најстарото печатено списание „Стожер“ на ДПМ добива 108.000 денари. Ваквиот конкурс веќе целосно ја изгуби смислата на своето постоење. Секое продолжување на овој начин на поддршка на македонската култура претставува нејзино свесно уништување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“