Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шкријељ до ВМРО-ДПМНЕ: Вие тонете како партија, ви треба отрезнување

(Видео) Шкријељ до ВМРО-ДПМНЕ: Вие тонете како партија, ви треба отрезнување

11 години со ВМРО-ДПМНЕ, поради вашиот криминал не мрднавме ни во делот на она што значи членство во НАТО, ни во делот на почнување преговори со ЕУ, порача пратеничката Санела Шкријељ во реплика на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„Токму затоа Влада предводена од СДСМ и коалиционите партнери доведе до тоа да станеме членка на НАТО и токму затоа Влада предводена од СДСМ и коалиционите партнер почна преговори со ЕУ“ порача Шкријељ.

Цитирајќи изјави на меѓународни претставници, но и сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ и треба отрезнување, додавајќи дека пратеници од оваа партија злоупотребуваат деца и ги минуваат сите линии на цивилизирана политика.

„За жал јас отрезнување во ВМРО-ДПМНЕ не гледам. Реалноста е дека токму оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ и токму оној кој на хартија ви стои како почесен претседател доведе до еден неславен рекорд, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ никогаш подолго да не било во опозиција. Тоа е јасен показател дека секојдневно тонете ако партија, а за жал однесувањето покажува дека тонете и како луѓе“ порача Шкријељ.

Можете да прочитате

Претежно сончево претпладне, попладне облачно со краткотрајни врнежи од дожд

Борисов: Мицкоски го повикувам да престане да зборува, завршија изборите !

Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово