Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во едно соопштение СДС со обвинувања за србофилство, во други за бугарофилство, а Филипче и Заев со златни визи од Дубаи

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со обвиненија кон ВМРО-ДПМНЕ за србофилство во други за бугарофилство, а во исто време криминалците и предавници Зоран Заев и Венко Филипче со документи за престој и златни визи од Дубаи.


Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев, СДС ја даде под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев Софија ја користел за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија.

Притисоците од СДС за прифаќање на бугарските диктати, не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства.

Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче.

Можете да прочитате

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира

Експерти предупредуваат: Современите закани сè повеќе доаѓаат преку технологијата и дезинформациите 

ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ