Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет.


Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е прозападен би се дистанцирал веднаш.

Доколку ваков навредлив говор кон САД и ЕУ доаѓа од пратеник кој по професија е лекар и важи за професионално изграден човек, тогаш со право се поставува прашањето: каков менталитет преовладува во остатокот од структурите на ДУИ? Што мислат личности како Муса Џафери, Блерим Беџети или Садула Дураку? И дали овој гнев кон меѓународната заедница е резултат на фактот што списокот на функционери на ДУИ кои завршиле на американската црна листа постојано се проширува?

ДУИ секојдневно докажува дека го изгубила евро-атлантскиот курс и дека, соочена со политичка криза и губење на довербата кај Албанците, сè повеќе тоне во опасен антизападен дискурс.

ВЛЕН повторно истакнува дека Албанците остануваат најпроамериканскиот и најпроевропскиот народ во регионот и нема да дозволат никој, поради политичка паника и губење на власта, да ја наруши нашата стратешка и историска ориентација.

Можете да прочитате

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа

Левица: Бившиот советник од ДПМНЕ, Синадиновски , на платен список на лотарија -45.000 € за чистење парк и гледање фудбал