Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет, власта лаже кога вели дека не се увезува струја

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет, власта лаже кога вели дека не се увезува струја

РЕК Битола и РЕК Осломеј заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати. Тој капацитет не е искористен, ниту половично. Имено на 24 октомври според јавно достапни информации, а кои ги објавија и медиумите се гледа дека во функција биле 361 мегавати, односно 44,6% од инсталираниот капацитет. И во такви слаби услови, термоелектеаните произвеле над 70% од домашната струја. На 24 октомври се произвеле вкупно 11.000 мегават часови струја, од сите енергетски капацитети, а потрошени се 13.000 мегавати. Што значи дека се увезени 2.000 мегавати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека со целосно искористување на капацитетот на РЕК Битола и РЕК Осломеј, што ќе беше можно доколку навремено се копаше јаглен, и доколку беа целосно оперативни блоковите, само од термоелектраните ќе се произведеше близу 19.000 мегават часови струја. Но и под претпоставка истите да работеа со 70% од капацитетот, ќе се задоволеа потребите на државата, а останата струја од другите извори ќе можеше да се извезе и ЕЛЕМ ќе бележеше профит.

Со 70% искористеност на РЕК Битола и Осломеј, се што би произвел ТЕЦ Неготино ќе се извезеше, а дополнителни количини ќе имаше и од хидроакумулациите и ветерниот парк Богданци, струја која е поефтина и би се искористила за домашна употреба, а таа од термоелектраните би можела да се продава. Со правилно оптимизирање, ЕЛЕМ во изминатиов период ќе можеше да врши извоз на струја од над милион евра дневно. А за увоз воопшто немаше да се зборува. СДС не знае да менаџира со енергетските капацитети, затоа и граѓаните и бизнисот плаќаат скапа струја, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Томовски и Мицкоски како паразити од ВМРО-ДПМНЕ со тендери во ЕЛЕМ од 60.000 евра

ВМРO-ДПМНЕ: СДС се претвори во партија – вазал на ДУИ

СДСМ: Еве го паразитот, Мицкоски земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ