Утрински Весник
Македонија

Македонец возел камион со 68 килограми кокаин во Франција

Kokain.webp.webp

Француските служби заплениле 68 килограми кокаин во товарно моторно возило управувано од 44-годишниот македонски државјанин М.Ф., соопшти Министерството за внатрешни работи. Дрогата била пронајдена на наплатната станица Фонтен, а акцијата била спроведена по оперативни информации доставени од македонската полиција.

Според МВР, информациите ги обезбедиле Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога. Преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол, тие биле проследени до надлежните француски органи, по што следувала заплената.


Од Министерството нагласуваат дека навремената размена на оперативните сознанија и координацијата со странските полициски служби биле клучни за реализацијата на акцијата.

Ова, според МВР, е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец во која придонела македонската полиција. Претходно, соработката со грчката полиција резултирала со заплена на 324 килограми марихуана.

„Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога“, наведуваат од Министерството.

Во соопштението не се наведуваат дополнителни информации за постапката против возачот, ниту за потеклото и крајната дестинација на запленетиот кокаин.

Можете да прочитате

Девојка хоспитализирана по напад во Охрид, уапсен нејзиниот 31-годишен партнер

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри