Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме повеќе бесплатни лекови преку позитивната листа и нови клинички во Штип и Скопје

1707038389 Unnamed File.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе бесплатни лекови преку позитивната листа и нови клинички во Штип и Скопје, приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште по преземањето на власта новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со ажурирање и проширување на позитивната листа, со што ќе се зголеми бројот на бесплатни лекови кои се неопходни за голем број наши сограѓани.

Истовремено владата ќе се зафати со изградба на двата клинички центри во Штип и Скопје, а со цел граѓаните да добијат врвни услуги, според сите светски стандарди, а не да се лекуваат во лоши услови.

Системски ќе се спроведе систем на регионализација, со цел подобрување на здравствените услуги, а штипскиот клинички центар ќе биде еден од тие регионални центри.

Владата ќе работи според начелата на ефикасност и ефективност и согласно тоа ќе се укинат економските директори на клиниките, а преку Национална стратегија ќе се инвестира во континуирана медицинска едукација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на граѓаните во здравствениот систем, но и ќе ка издигне услугата која ја добиваат пациентите на до сега не видено ниво.

Можете да прочитате

СДСМ за „Адитив“: Бараме брза, транспарентна и темелна истрага, институциите да постапат без селективност

Нова линија на Туркиш ерлајнс: Охрид-Истанбул

Осум лица осомничени во акцијата „Адитив“ во притвор, по Ковачевски се уште се трага