Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЕСМ е ризичен за да му доставиме понуди

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ
300x250 (7)

Васко тендер Ковачевски е ризичен за да му бидат доставени какви било понуди, загрижени сме дека со ангажманот на Васко тендер Ковачевски може да стане збор само за провизии на штета на граѓаните. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денес директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, повика фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда.

dobivaj vesti na viber

„Понудата за дуел е јавна, а барањето за средба е исто така јавно! Ова не е пазар, туку сериозна работа. Ако снабдувањето на енергенси на државата во криза се смета за обичен пазар, тогаш имаме сериозен проблем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

300x250 (7)

Мицкоски претходно  изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со коишто државата ќе заштеди 300 милиони евра. Директорот на ЕСМ рече дека секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање