Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Пратеничката на ДУИ го разоткри лицемерието на Али Ахмети

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВЛЕН го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит.


Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. Пратениците на Али Ахмети со својата рака и глас го потврдија дека овој испит ќе се полага само на македонски јазик.

Затоа, денес секој граѓанин јасно го гледа лицемерието на ДУИ, кога без срам излегува на протести за правосудниот испит. Тоа е потсмев кон Албанците и навреда на интелигенцијата на студентите, фактот што ДУИ протестира против самата себе.

ВЛЕН овозможува за првпат во историјата на државата Правосудниот испит да се полага на албански јазик. Имаме национална одговорност да ги коригираме сите штетни политики и полурешени решенија што ни ги остави наследство 20-годишната власт на Али Ахмети.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин

Приведени Германец и Србин на Табановце, им пронашле дрога и сомнителни евра