Утрински Весник
Македонија

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров, изречени 156 казни

Akciska soobrakjajna kontrola vo saraj i gjorce petrov vo skopje izreceni 156 sankcii liseni od sloboda dve lica image.jpg

На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, три мерки за нерегистрирани мотоцикли, две санкции против возачи почетници.

Изречена е една мерка за незастанување на даден знак стоп и 108 мерки за останати видови на прекршоци меѓу кои за неносење возачка или сообраќајна дозвола, неистакната регистарска таблица, недавање првенство на возила или на пешаци…


За време на акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мотоцикл по член 297а од Кривичниот законик при што лицето е лишено од слобода. Исто така лишен од слобода е еден возач на мотоцикл бидејќи при извршен преглед кај него пронајдена е прашкаста материја, додека еден мотоцикл е привремено одземен бидејќи бил нерегистриран повеќе од една година. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти 

ВЛЕН: Пратеничката на ДУИ го разоткри лицемерието на Али Ахмети

Законот за игри на среќа се носи шверцерски без дебата за туѓи профити и монополи