Утрински Весник
Македонија

Владата го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството

Владата го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството
300x250 (7)

Во насока на интензивирање на активностите за успешна дигитална трансформација на општеството, како предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството.

dobivaj vesti na viber

Овој документ минатиот месец беше усвоен од Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој раководи Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска.

300x250 (7)

Концептот е документ кој ги дефинира основните принципи кои треба да ја водат дигиталната трансформација на сите области на општеството, која ќе се постигне со соработка помеѓу владата, јавните институции, приватните компании, граѓанскиот сектор и академската заедница.

Основните принципи на овој концепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, „дигиталното е стандардно“ и принципот „само еднаш“ (со кој податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица).

Основните принципи на овој концепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни извори на податоци и стандардизација на употребата на дигиталните записи и потписи.

Концептот за дигитална трансформација на општеството цели кон темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните.

Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, една од клучните измени кои ги носи овој Концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис.

Имплементацијата на Концептот ја обврзува Владата да воведе електронска лична карта и да спроведе мерки за поддршка за поврзување на сите домаќинства на бродбенд услуги во следните 5 години.

За да се постигнат целите поставени со Концептот, ќе се формира Агенција за дигитализација, која ќе биде надлежна за управување со околината за безбедна размена на податоци, поставување стандарди за ИКТ и сајбер безбедност за сите засегнати страни, давање насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата и подигнување на јавната свест за оваа проблематика.

Содржината на Концептот за дигитална трансформација на општеството цели е резултат од проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ