Утрински Весник
Македонија

Вкупно 4.767 даночни обврзници не ја платиле разликата за доплата на данокот на личен доход

Ujp Foto.jpg

Управата за јавни приходи денеска информира дека 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данок на личен доход за 2023 година за која законскиот рок беше до 30 јуни.

Во следниот период, како што денеска информираа од УЈП, ќе се премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 проценти дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

– Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, се вели во соопштението од УЈП.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна