Утрински Весник
Свет

Високите трошоци за живот и социјалните притисоци ги загрозуваат основните права во ЕУ

Fra e1781186388111.jpg

Високите трошоци за живот сè повеќе ги нарушуваат основните социјални и економски права на граѓаните на Европската унија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за основни права (ФРА), со предупредувања и за сеприсутниот раст на омразата на интернет и проблемите во интеграцијата на странските работници.

Директорката на ФРА, Сирпа Раутио, оцени дека граѓаните ширум ЕУ се соочуваат со „секојдневни притисоци поради продолжената криза со трошоците за живот“, пренесе Фигаро.


Според податоците на агенцијата, цените на недвижностите во Европската унија пораснале за 53,4 отсто меѓу 2015 и 2024 година, додека закупнините во истиот период пораснале за 16,8 отсто. Европската федерација на организации кои се занимаваат со бездомништво проценува дека во 2025 година во ЕУ би можело да има повеќе од 1,2 милиони бездомници.

Во извештајот исто така се укажува на растечките последици од меѓународните тензии и војни врз општествената стабилност во Европа, вклучувајќи го намаленото чувство за безбедност и порастот на говорот на омраза на интернет, на кој, според ФРА, е изложена повеќе од една третина од населението на ЕУ.Агенцијата предупредува и на значајни проблеми во вработувањето на државјани од трети земји, кои се соочуваат со дискриминација, преквалификација и експлоатација, додека во исто време ЕУ бележи недостиг на квалификувана работна сила.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори