Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНДОВ НИ СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Ќе има и врнежи, а температурите ќе бидат далеку под просекот за септември

850temp Anom 20240913 12 036.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, за време на овој викенд, и тоа особено од утре (недела), и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, ни следува дополнително заладување на времето, а сето ова ќе биде проследено и со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Денес (сабота) повремено ќе дува силен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), додека утре (недела) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе има појава на повремен локален дожд. Денес (сабота) повремено ќе дува засилен југозападен, а утре (недела) северозападен ветер.

Поради падот на температурите на воздухот, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2000 м.н.в) да провее  и првиот снег за оваа сезона.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат далеку под просекот за месец септември, особено од утре (недела), кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 23 степени.  Во текот на утрешното неделно утро пак минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Жалам што бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, кога-тогаш таа и нејзиниот татко ќе одговараат

Клековски најави итни мерки за онколошките пациенти и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот

На Блаце уапсен маж баран за тероризам – го чекаат две затворски казни од по осум години