Утрински Весник
Свет

(Видео) Заседи во Бахмут, засилени позиции на Вагнер – Украинците со снимка покажуваат како се справуваат со нападите

(Видео) Заседи во Бахмут, засилени позиции на Вагнер – Украинците со снимка покажуваат како се справуваат со нападите

Русите во моментов се оддалечени на само нешто повеќе од еден километар од центарот на Бахмут, изјави водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е зградата на општината, административниот центар на градот“, рече тој, покажувајќи од покрив во Бахмут и додаде: „Тоа е на оддалеченост од километар и двесте метри да се стигне до таму. Ова е таа област, таму се водат битките“.

Овие изјави не можеа да бидат потврдени од независен извор. Вчера Украинците постојано објавуваа дека успешно се справуваат со руските напади. Граничната служба на Украина, која со своја единица учествува и во војната во Бахмут, објави дека нивни снајперисти им нанеле заседа на “Вагнерите”.

Тие објавија видео за кое велат дека доаѓа од индустриски капацитет во Бахмут. Не прецизираа кога е направена снимката.

„Пред неколку дена граничната единица на одредот Луганск водеше позициска битка со непријателските сили во областа на индустриската компанија. Ден претходно, украинските бранители издржаа неколку офанзивни напади на окупаторите. За да ја продолжат офанзивата, руските платеници влегоа во една од работилниците и собраа сили. Украинската единица успеа да го онеспособи автоматот кој го покриваше влезот во зградата. Тогаш копнената извидничка група успеа да влезе и да ги елиминира Вагнерите“, рекоа граничарите.

Оваа информација не можеше да се потврди.

„За да ги уништат резервите на непријателот, граничарите поставија заседа. Со почетокот на темнината, шок-одредите беа на изненадување кога се приближија до линијата на фронтот. Снајперистите неутрализираа шест напаѓачи“, се наведува во соопштението.

Во видеото што го објавија, еден украински војник ја коментира битката.

„Во врска со ситуацијата во Бахмут, Русите веќе влегоа во индустриската зона. Ние се обидуваме да ги избркаме од таму. Тие синоќа ги зајакнаа своите позиции таму. Мојата разузнавачка група утринава влезе во нивната локација и се обидува да ги нападне нивните позиции“, вели војникот.

Серхи Черевати, портпаролот на источната група на украинските вооружени сили, во саботата на националната телевизија изјави дека во изминатите 24 часа имало повеќе од 20 борбени судири меѓу украинските и руските сили во областа на самиот град.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток