Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје на пладневна пресметка со Мега во АБА

МЗТ Скопје на пладневна пресметка со Мега во АБА
300x250 (7)

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да оствари важна гостинска победа против Мега во 21. коло во АБА-лигата. Тимот на Драган Николиќ ќе излезе на мегдан на пладне, во 12 часот, а самодовербата е зголемена по претходниот триумф над ФМП во СЦ „Јане Сандански“.

dobivaj vesti na viber

МЗТ успеа да ја победи и Мега во Скопје, па Дастин Вер се надева дека тоа може да се повтори и на денешниот дуел во Белград.

300x250 (7)

„Пред нас е исклучително важен натпревар во борбата за остварување на примарната цел во АБА-лига, а тоа е опстанокот. Играме добро во последно време, формата е во нагорна линија. Ќе сториме сѐ да ја искористиме позитивната енергија и ќе се обидеме да славиме во Белград“, изјави Дастин Вер.

МЗТ Скопје Аеродром во досегашниот тек од сезоната во АБА има ефект од четири победи и 16 порази.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина