
Огромни редови се забележуваат утрови пред избирачките места низ Србија.

Уште пред седум часот наутро долги редици се формираа пред гласачките места особено во Белград и Нови Сад.
Редот не го заобиколи ниту довчерашниот претседател на државата Александар Вучиќ.
Белградските медиуми „го уловија“ како Вучиќ со својата сопруга чека во редот за да влезе на избирачкото место и да гласа.
Гласачките места во Србија се отворени до 20 часот по што следува пребројување на гласовите.

Првите неофицијални резултати се очекуваат доцна вечерва.

