Утрински Весник
Свет

(Видео) Тројца загинати во зграда што се урна во Шпанија. Станови паднаа еден врз друг.

Faf02699 D8ea 4227 A961 776bc877af12.jpg

Власти извлекоа тела на три лица од урнат дел од зграда во Шпанија. „Најдовме три тела во урнатините на зградата во Бадалона“, напиша денеска регионалната противпожарна служба на X.

Дел од зградата се урна вчера околу 10 часот и 30 минути, по првичното уривање на поткровјето, што предизвика дополнително уривање на становите. На видеото кое го објавија пожарникарите може да се забележи огромна дупка во внатрешноста на зградата која се протега сè до приземјето на петкатницата.

Ксавиер Гарсија Албиол, градоначалник на Бадалона, крајбрежен град северно од Барселона, рече дека спасувачите пронашле тела на маж и две жени, од кои едната била самохрана мајка.

„Мајката пристигна од Источна Европа со две мали ќерки, кои сега се сами“, рекол градоначалникот. Починаа и жена на 50-годишна возраст и маж на возраст од триесет години, кој неодамна стана татко. Локалните медиуми јавуваат дека се работи за зграда со 20 стана која е изградена во 1959 година и неодамна поминала на безбедносна инспекција.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос